Излезни анкети: „Не“ во предност над „да“ на референдумот во Грција

Од:

Последните истражувања на јавното мислење спроведени за време на референдумот и две излезни анкети по затворањето на избирачките места, покажуваат дека мнозинството Грци кои излегле на избирачките места ја заокружиле опцијата „не“.

Дел од западните медиуми пренесуваат резултати од две излезни анкети кои укажуваат дека „не“ е во предност, додека анкетите кои ги спровеле ГПО, Метрон Анализис и МРБ исто така укажуваат дека противниците на предлогот на кредиторите водат за три процентни поени.

Неколку минути по завршувањето на референдумот во Грција, локалните медиуми објавија прогноза на резултатите кои наведуваат дека Грците гласале против препораките на странските кредитори.

Шест водечки тв станици во Грција прогнозираат победа на опцијата „не“, додека социолозите кои гостуваат на локалните телевизии се согласни дека „општа проценка е оти на референдумот победува „не“.

Владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис изјави дека грчката Влада сака да ги обнови преговорите со меѓународните кредитори неодложно, за да постигне договор, што ќе ја задржи Грција на површината, пренесе БТА.

– Преговорите кои ќе почнат мора да завршат многу брзо, за 48 часа, рече Сакеларидис.

Според проценките, непосредно пред истекот на гласањето, одѕивот на избирачите бил околу 65 отсто, исто како и на предвремените парламентарни избори, одржани во јануари годинава.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит