Изјави на грчките политичари за време на изборите

Од:

Грчкиот претседател Каролос Папуљас изјави дека денешните избори се клучни и изрази надеж дека грчкиот народ ќе ги избере најдобрите за парламентот, јави дописникот на МИА од Атина.

– Но, бидејќи верувам дека наредните години ќе бидат години со проблеми, би рекол дека мора да постои смиреност и консензус за да се соочиме со секоја ситуација. Верувам и повторувам дека луѓето, грчкиот народ има мудрост, знаење и одлучност, рече Папуљас откако гласаше во Јанина.

Премиерот и лидер на Нова демократија, Андонис Самарас по гласањето истакна дека овие избори ќе ја одредат иднината на Грците и нивните деца.

– Денеска одлучуваме дали ќе продолжиме со сила, безбедност и сигурност или ќе влеземе во неволја. Невидено голем број од граѓаните се уште се неопределени. Тие ќе бидат оние кои ќе го одредат резултатот. Јас сум оптимист и верувам дека никој нема да го загрози европскиот курс на нашата земја, рече Самарас.

Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас, во изјавата по гласањето во Атина подвлече дека Грците денеска одлучуваат дали тројката утре ќе се врати во Грција за мерките кои ги одреди Самарас или утре земјата ќе бара враќање на достоинството преку тешки преговори.

– Денеска, грчкиот народ е повикан да го заврши овој чекор за враќање на надежта, прекин на стравот и враќање на демократијата и достоинството во нашата земја, рече Ципрас.

Лидерот на Потами, Ставрос Теодоракис, кој гласаше на Крит, изјави дека судејќи по се, земјата одлучила да ја смени првата партија и да ги казни оние кои ја доведоа земјата во оваа состојба: ПАСОК и Нова демократија.

– Ова е голема можност, оваа промена треба да биде во вистински правец. Да се гласа за оние кои имаат знаење и храброст и го докажаа тоа. Не смееме да им дадеме основа на оние кои не ја почитуваат демократијата. Да не влегуваме во авантури. Да промениме се без да ја уништиме земјата, рече Теодоракис.

Лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос од Солун порача дека „Грците мора да ги изберат оние кои ќе ги одведат кон нешто подобро, а не полошо за нив и нивните деца“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит