Избрана новата влада на Република Српска

Од:

Парламентот на Република Српска синоќа ја избра новата влада на РС на чело со премиерката Жељка Цвијановиќ, која веднаш порача дека стабилноста на институциите и финаниската оддржливост ќе бидат во центарот на активностите на владата и нејзина примарна цел.

Изнесувајќи го експозето пред пратенциите на Собранието на РС, Цвијановиќ нагласи дека работата на оваа влада ќе ја одбележи борбата за зачувување на секое работно место, фискалана и социјална стабилност, реформирање на деловниот амбиент, создавање простор за странски и домашни инвестиции.

-Сето ова се настојувања да ги рехабилитираме принципите на социјална правда, да ја унапредиме транспарентноста во работата на институциите и трошењето на јавните средства, останеме стабилни во услови на изложеност на одредени политички процеси и да не ја изгубиме од вид потребата владата да биде проевропска и активна во процесот на европски интеграции, изјави Цвијановиќ.

За владата на Цвијановиќ гласаа 50 пратеници, 22 беа против, а тројца воздржани.

Таа во завршниот збор изјави дека од пратениците слушнала одредени забелешки кои секако ќе ги вметне во програмата за работа на новата влада.

Би можело да ве интересира

Додик: Надворешно-политичкиот сегмент на БиХ е целосно уништен

Горан Наумовски

Република Српска во вонредна состојба во очекување на пресудата за Додик

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Додик: Ако САД имаат право на Гренланд, тогаш Србија има право и на Република Српска

ВИДЕО: Ноќните волци на Путин учествуваа на парадата во Бања Лука

Во Република Српска 50.000 домаќинства се без струја

Горан Наумовски