Избран нов гувернер на грчката област Централна Македонија

Од:

Апостолос Цицикостас е избран за нов регионален гувернер на грчката област Централна Македонија, јави дописникот на МИА од Атина.

Цицикостас минатата година, додека беше заменик гувернер, го промовираше туристичкиот проект „Регион на Централна Македонија: земјата на Александар Македонски“ со кој е опфатена посета на повеќе места поврзани со животот на Александар Македонски, меѓу кои и неговото родно место Пела. Проектот е со цел да се претстави Александар Македонски како исклучиво грчко наследство.

Во интервју за бугарската агенција „Фокус“, Цицикостас минатата година изјави дека „империјата на Александар се простирала далеку на исток, но јадрото на неговата империја, и јадрото на неговиот курс и курсот на Македонското Царство е Централна Македонија“. На новинарско прашање дали во областа Централна Македонија има историски докази дека центарот на неговата држава бил токму таму, Цицикостас одговори дека тоа се родното место на Александар Македонски – Пела, Дион, Вергина и многу други.

Претходниот гувернер Панајотис Псомиадис беше суспендиран од функцијата откако беше прогласен за виновен за злоупотреба на службена должност. Тој беше обвинет затоа што ја намалил од 89 илјади на пет илјади евра казната за сопственик на бензинска пумпа, кој неколкупати бил обвинет за фалсификување на гориво. Во јуни минатата година тој беше осуден на една година условна казна затвор.

Псомиадис пред една недела изјави дека неговата политичка кариера не е завршена. Тој информира дека планира да се кандидира на следните локални избори во 2014 година, или на парламентарните кои треба да се одржат до јуни 2016 година.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната