Итна резолуција на Европскиот Парламент за воено-поттикнувачката реторика на Шешељ

Од:

На денешната Конференција на претседателите на парламентарни клубови во Европскиот Парламент, што се одржа во Брисел, прифатен е предлогот на Клубот на Европските народни партии, а на иницијатива на потпретседателот на Одборот за надворешни работи, Андреја Пленковиќ, што беше поддржан од сите хрватски европратеници, во дневниот ред на Парламентот да се вметне итна резолуција за Воислав Шешељ.

Како што се сопштува од ЕП, цел на оваа итна резолуција е осуда на однесувањето и воено-поттикнувачката реторика на хашкиот притвореник Воислав Шешељ, особено по одлуката на Расправниот совет на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија за негово привремено пуштање на слобода.

Европскиот Парламент, како што се наведува, на овој начин јасно ќе се спротивстави на истапите на Шешељ што јасно укажуваат на прекршување на владеењето на правото, територијални претензии кон други држави и заговарање на проектот „Голема Србија“ – вклучувајќи ја и Хрватска како членка на ЕУ, односно нарушување на стабилноста и соработката меѓу земјите во регионот.

Денеска почна усогласувањето на текстот на резолуцијата, а следната недела, на пленарна седница во Стразбур, ќе се оддржи и расправата, а по неа и гласањето.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград