Итна евакуација на селата покрај Сава

Од:

Началникот на Генералштабот на Војската на Србија Љубиша Диковиќ наложи итна евакуација на жителите на селата во сливот на Сава, покраб Шабац, поради проблемите со насипите.

Бригадниот генерал Душко Жарковиќ соопшти дека неколку стотина припадници на Војската, заедно со граѓаните ги утврдуваат насипите во околината на Шабац.

– Нивото на водата се намалува, но тоа не значи дека опасноста мина. Насипите се полни со вода и се заканува реална опасност да дојде до нивно пробивање, искатна Дивковиќ.

Во кризниот штаб донесена е одлука граѓаните веќе да не учествуваат во одбраната на Сава после 20 часот, туку тоа да го прави само војската и полицијата, а донесена е и забрана за влез во зоната со приватни возила.

Од 15 мај до синоќа, од околните села на Шабац, извршена е превентивна евакуација на 814 лица.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ