Италијанската премиерка Џорџа Мелони на Твитер им изрази сочувство на италијанските војници во КФОР кои беа повредени во судирите со Србите на Косово. Таа, исто така, тврди дека она што се случува на Косово е „целосно неприфатливо“ и дека нема да толерира дополнителни напади.
A nome mio e del Governo, esprimo i miei più sinceri sentimenti di vicinanza ai militari italiani che sono rimasti feriti durante i disordini in Kosovo. Esprimo inoltre la più ferma condanna dell'attacco avvenuto a danno della missione KFOR che ha coinvolto anche militari di…
— Giorgia Meloni (@GiorgiaMeloni) May 29, 2023
„Во свое име и во име на владата изразувам искрено сочувство до војниците од италијанска националност кои беа повредени за време на немирите на Косово. Исто така остор го осудувам нападот на мисијата на КФОР во која учествуваат војници од други земји. Тоа што се случува е целосно неприфатливо и неодговорно. Нема да толерираме понатамошни напади врз КФОР. Од клучно значење е да се избегнат понатамошни еднострани дејствија од страна на косовските власти и сите страни веднаш да направат чекор назад за да придонесат за намалување на тензиите. Италијанската влада е силно посветени на мирот и стабилноста на Западен Балкан и ќе продолжиме да соработуваме со нашите сојузници. На италијанските војници им ја потврдувам мојата посветеност и силната благодарност на владата за извонредниот професионализам и пофалниот дух на услуга што го покажуваат во секоја прилика“, напиша Мелони.