Истражување покажува пад на довербата во партиите во Бугарија

Од:

Само 35 отсто од оние кои имаат право на глас би излегле да гласаат на нови предвремени парламентарни избори во Бугарија, покажува анкетата на агенцијата „Алфа рисрч“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на нови избори гласачите би го повториле резултатот од 2 октомври, а ставовите на бугарските гласачи покажуваат силно разочарување од работата на сите парламентарни партии. Дури и според агенцијата, постои тенденција кон пад на излезноста на гласачите и како последица на тоа, можност за неочекувана промена на позициите на неодамнешните предвремени избори во Бугарија.

Анкетата на „Алфа Рисрч“, е спроведена во периодот од 1 до 13 декември 2022 година, меѓу 1023 полнолетни граѓани. Според неа, ГЕРБ ја задржува лидерската позиција со 23,4 отсто, но губи два отсто од поддршката во однос на изборите во октомври во Бугарија.

На второ место со 17,7 отсто е „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков. Падот на довербата во нив во последните два месеци е околу 2,5 отсто. Според социолозите на бугарската агенција, ова е партијата која трпи најтешка штета од одбивањето на младите гласачи да гласаат. Движењето за права и слободи на Мустафа Карадаи е една од партиите во Бугарија со помал пад на поддршката. Останува на вообичаените нивоа од 10,4 проценти за Движењето. Популистичката партија „Преродба“ со лидер Костадин Костадинов е другата партија во Бугарија со помали загуби. Поддршката за неа останува иста како во октомври – 10,0 проценти.

Позициите на бугарските социјалисти на чело со Корнелија Нинова ослабеа од 9,3 отсто на изборите во октомври на 8,5 отсто на почетокот на декември Поддршката за „Демократска Бугарија“ се намали за околу 1 отсто во последните два месеци. Во моментов таа изнесува 6,5 проценти.

Партијата на поранешниот вршител на должноста премиер на Бугарија, Стефан Јанев и понатаму е на границата на прагот да влезе во нов состав на Народното собрание. Блиску е до влезната бариера со 4,3 проценти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски