Истражителите открија нови детали од масакрот во Белград

Од:

Момчето-убиец (14) кој на 3 мај дојде во основното училиште „Владислав Рибникар“ вооружен со два пиштола на татко му и со еден од нив убил девет ученици и вработен во обезбедувањето, два дена претходно го извадил оружјето од чантата на неговиот татко, објавија српските медиуми.

Според медиумите, истражителите откриле дека тој на 1 мај ја отворил чантата на татко му која била со шифрата и истиот ден во ранецот префрлил два пиштоли и муниција.

– Пиштолите и муницијата од чантата ги зел на 1 мај и ги ставил во ранецот што го имал на грбот на денот на злосторството. Татко му легално ги поседувал пиштолите, но сите досега собрани докази, вклучително и сведочењето на неговиот син кој го извршил масакрот, говорат во прилог на тоа што тој не го обезбедил оружјето и муницијата на начин пропишан со закон – открива соговорникот.

Малолетниот убиец, кој преку видео врска беше сослушан како сведок во истрагата што ја спроведе Вишото јавно обвинителство во Белград против неговиот татко, токму поради начинот на кој го чувал оружјето, но и поради тоа што го носел 13-годишниот син на стрелиштето, рекол дека лесно ја открил шифрата на чантата во која биле пиштолите.

– Шифрата беше 687 и тркалата што се вртат за да се отвори веќе беа на 684. Третиот ред го свртев два-три пати и се отвори – наводно признало момчето убиец на сослушувањето.

Откако ја отворил чантата со шифрата, ги однел пиштолите во својата соба, ги спакувал во ранецот и го чекал првиот училиштен ден.

– Првиот работен ден беше среда, 3 мај, бидејќи 1 и 2 мај се неработни денови. Засега останува мистерија каде биле родителите за време на празниците и колку време момчето било само во куќата. Камерите поставени во станот не го покриваат доволно делот од ходникот каде што се наоѓа плакарот во кој се наоѓа оружјето – објаснува соговорникот за српски Курир.

Момчето убиец за време на рочиштето потврди дека татко му го однел на стрелиштето и дека таму „го ангажирал најдобриот инструктор да го научи да пука“.

– Има докази дека таткото се гордеел како пука 13-годишно дете, го снимил и тоа видео им го покажал на пријателите – откри соговорникот на Курир.

Наводно, момчето на сослушувањето рекло дека татко му го однел на стрелиште „за да ја подобри врската“.

-Беше горд, пукав во концентрични кругови и без грешка ги групирав погодоците – рекло момчето убиец.

Да потсетиме, таткото се уште е во притвор, а на рочиштето во Вишото јавно обвинителство негираше дека сторил кривично дело.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата