Истрагата на грчката служба за транспарентност не ги потврди новинарските истражувања за нелегални присилни враќања на мигранти

Од:

Националната служба за транспарентност на Грција (ЕАД) спровела четиримесечна истрага за евентуални нелегални и присилни враќања на мигранти (pushbacks) и резултатите, како што соопштија, не ги докажуваат тврдењата на новинарското истражување на „Lighthouse Reports“, јави дописничката на МИА од Атина.

Истрагата доаѓа по истражувањето „Unmasking Europe’s shadow armies“ објавено во октомври минатата година на платформата „LightHouse Reports“ во соработка со странски медиуми во кое се споменуваат нелегални принудните враќања назад од маскирани групи.

Како што соопштија од ЕАД, нивната истрага спроведена од инспектори-ревизори во периодот од 15 ноември 2021 година до 24 март 2022 година, била со цел контрола на управувањето со миграциските бранови на грчка територија од страна на надлежните национални органи на морските и копнените граници, со посети на критичните точки и со спроведување интервјуа со граничарите, жителите и сместените лица на островите во северниот и јужниот дел на Егејско Море и во поширокиот регион на Еврос, а бил земен предвид и достапниот аудиовизуелен материјал.

– Од сите сведоштва и останатите податоци, земени предвид во истрагата, констатирано е спроведување структуриран процесен тек, интегриран во строг протокол на активнисти и координирани дејства, кои ја сочинуваат рамката на активност на надлежните органи. Во однос на содржината на објавата на „Lighthouse Reports“, не беа потврдени информациите за неформално присилно враќање, бидејќи по завршувањето на контролната програма и лабораториските испитувања на соодветниот материјал, не произлегоа податоци што ги докажуваат тврдењата, соопштија од Националната служба за транспарентност на Грција.

На конкретното прашање се осврна и портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, соопштувајќи ги резултатите од истрагата, рече дека биле оценети сите тврдења, биле собрани податоци, но „не произлегоа докази за да се поткрепат обвинувањата и тврдењата изнесени од време на време за присилни враќања назад“.

-Резултатите од оваа истрага покажуваат дека нашата земја спроведува строга, но праведна миграциска политика, со почитување на грчките закони, со почитување на меѓународното право, со соодветно чување на грчките и европските граници и секако со хуманост и почит кон луѓето, рече Иконому.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната