Истрага за вмешаност на албанската Армија во шврец на дрога

Од:

Албанскиот јавен обвинител Адриатик Лала денеска потврди дека Обвинителството за тешки кривични дела почнало истрага во врска со обвинувањата за вмешаност на армиската инфратруктура во трговијата со дрога.

Како ѓто јави допсиникот на МИА, во куса изјава за медиумите тој потврди дека истрагата во моментот е на самиот почеток.

– Обвинителството за тешки кривични дела почна истрага за овој случај, врз основа на јавните изјави дадени во Парламентот на Албанија, како и врз основа на полициски материјали, посебно од Полицискиот комесаријат од Лежа. Во моментот истражна постапка е на почеток, изјави Лала.

Тој потврди дека постапката за овој случај е регистрирана и оти за неа има и конкретни докази.

На новинарско прашање дека истрагата се однесува за повеќе слетувања и полетувања од аердормот Ѓадер, тој одговори дека станува збор за случаи кои се опфатени со истражната постапка и за тоа одговор ќе се добие наредните денови.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата