Истрага за трагедија во Грција во која загинаа стотици мигранити, уапсени деветмина од преживеаните

Од:

Грчката полиција побара поддршка од европската полициска агенција Европол во истрагата за потонувањето на бродот со мигранти во Средоземното Море, во кој загинаа неколку стотици луѓе, а потрагата по преживеани е при крај. Истрагата се фокусираше на девет преживеани, кои беа уапсени под сомнение дека се трговци со луѓе. Еден од нив се уште е во болница. Египќаните, на возраст меѓу 20 и 40 години, се обвинети за шверц на луѓе, убиство од небрежност и злосторничко здружување.

Осомничените, наводно, припаѓаат на синџир шверцери на луѓе кои можеби организирале до 18 опасни морски премини од либискиот брег до Италија во последните месеци, објави грчкиот телевизиски канал ЕРТ. Грчките истражители се надеваат дека со помош на Европол ќе утврдат кој е мозокот на шверцерската операција.

Уапсените лица беа идентификувани благодарение на изјавите на другите преживеани.

Весникот „Катимерини“ објави дека еден од уапсените признал дека примил пари за да работи на бродот, додека другите ги оспоруваат обвиненијата. Преживеаните велат дека за преминот платиле од 5.000 до 6.000 евра по лице. Осомничените во понеделник треба да бидат изведени пред истражен судија.

Рибарски брод, со меѓу 500 и 700 мигранти, потона во средата на пат од Африка кон Европа. Спасени се вкупно 104 лица, а пронајдени се 78 тела.

Останатите патници биле под палубата и потонале заедно со бродот, според грчката крајбрежна стража.

Местото на несреќата, приближно 90 километри југозападно од полуостровот Пелопонез, се наоѓа веднаш над најдлабоката точка на Средоземното Море, која е длабока 5.000 метри. Можно е рибарскиот брод никогаш да не биде пронајден.

Крајбрежната стража сè уште оперираше во областа во саботата со фрегата, три патролни чамци и хеликоптер. Сепак, силните ветрови им ја попречија работата. Практично нема надеж да се најдат други преживеани. Грчките медиуми шпекулираат дека потрагата постепено ќе заврши кон крајот на оваа недела.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната