Исповед на момче кое избегна смрт на часот по историја: Како да се вратиме на училиште кога половина од одделението ни е мртво

Од:

Момчето кое изврши масакр во неговото основно училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, веќе шест дена е на специјално одделение на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади, додека неговите другари од училиште се обидуваат да пронајдат сила да се вратат во училишните клупи и повторно да ја проживеат траумата предизвикана од неговиот помрачен ум.

Момчињата од неговото одделение кои беа сведоци на пукањето во кое Коста одзеде осум животи на нивни врсници за српски Курир изјавија дека во никој случај не се подготвени да се вратат во истата просторија, истиот ходник, истата зграда…

– Ни рекоа дека треба да се вратиме во среда и се да биде како што беше. Не знам како ќе успееме, колку повеќе минува времето толку е полошо бидејќи сфаќаме што се случи со сите наши пријатели. За некои не ни знаеме дали ќе останат живи, дали ќе играат фудбал со нас, дали ќе можат да седат, изјави за Курир едно од момчињата што се најде на списокот на смртта што го направи неговиот соученик.

Друго момче вели дека иако знае дека мора, не знае ни во кое одделение треба да се врати.

– Каде да се вратиме? Половина од нашето одделение го нема затоа што ги убил или повредил, а половина родители сакаат да ги испишат од училиштето. Дали треба да бидеме петмина во училницата? Кога се вратив на училиште таа вечер да запалам свеќа за моите другари и чичко Драган, и кога ги видов скалите на училиштето ми се слоши, сега не знам што ќе се случи кога повторно ќе одиме и ќе видиме дека никој од нив нема – вели ова момче.

Според него, девојчињата од неговиот клас биле скршени бидејќи сите биле нераздвојни и се однесувале како едно.

-Нормално сите заедно се дружевме бидејќи имавме некои заеднички интереси, но тие како девојчиња нон стоп беа сите заедно. Никогаш не биле разделени, а сега десет од нив ги нема, една е во тешка состојба, а има уште во болница. Ние некако во моментот се разбегавме, но тие беа убиени – вели момчето и додава:

– Други двајца скокнаа низ прозор, јас низ врата, па во еден локал овде, сите се снаоѓаа како можеа, но тие мислеа дека можат да го спречат и тој ги убил!

Осомниченото момче уби осуммина свои пријатели и обезбедувачот Драган В.(51), а тешко рани уште шест негови врсници и професор по историја Т.С.(54).

Фото: курир.рс

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата