Исчезна 16-годишно момче од Митровица, мајка му стравува дека скокнал во Сава поради љубовни проблеми

Од:

16-годишниот Александар Јовановиќ од Сремска Митровица исчезнал во саботата. Го напуштил домот и не се вратил. Неговата мајка стравува дека се самоубил.

– Во саботата околу 21:45 часот излезе од куќата. Со себе не го зел телефонот, документите, ниту какви било лични работи. Знаеме дека се скарал со девојката и дека и рекол дека ќе се убие – ја започнува приказната за српски „Блиц“ очајната мајка на Билјана.

Вели дека нејзиниот син никогаш претходно немал однесување кое може да укаже дека е подготвен на такво нешто.

– Само и рече, сега одам, ќе прочиташ за мене во црната хроника и го заврши разговорот. Луѓето кои вечерта беа на мостот, кој е недалеку од нашата куќа, велат дека околу 22 часот виделе лице во црна јакна како скока од мостот – вели мајката на Александар.

Целосно уништена, таа сака да верува дека тоа не е нејзиниот син, но сведочењата на минувачите се совпаѓаат со времето кое му било потребно на нејзиниот син да стигне од куќата до мостот.

Кога по пријава на граѓанин пристигнала помош на местото, веќе било доцна бидејќи телото било однесено од водата. Александар синоќа околу 21:00 часот бил пријавен за исчезнат, бидејќи семејството верувало дека ќе се појави.

Нуркачите и жандармеријата веќе со чамци го пребаруваа Сава, а потрагата ќе продолжи и утре.

Би можело да ве интересира

Убиен е 33-годишник на улица пред семејната куќа во Сремска Митровица

А1он

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија