Ирена Беќај именувана за в.д. директор на Царинската управа на Албанија

Од:

Вршител на должноста генерален директор на Царинската управа на Албанија од попладнево е Ирена Беќај, актуелен заменик министер за финансии.

Таа доаѓа на местото на Елиса Спиролари која поднесе оставка на фунцијата.

Веста за именувањето на Беќај за прв човек на албанската царина ја соопшти министерот за финансии Шкелќим Цани на заедничката прес-конференција со Беќај.

– Сега нема потреба од многу зборување за оставката на досегашната директорка на царината. Таа јасно ја образложи оставката и ние така и се однесуваме. Единствено што сакам е да и се заблагодарам на досегашната работа на Спиролари и за одличните односи меѓу нашите две институции. Заменик министерката Ирена Беќај од денес привремено ќе раководи со оваа институција, изјави министерот Цани.

Тој искажа поддршка за Беќај во нејзината нова функција, но нагласи дека таа истовремено ќе биде и заменик министер за финансии.

– Посакувам што побрзо да најдеме соодветна личност за Царинската управа, за да можам целосно да се посветам на моето заменик министерско место, изјави Беќај.

Беќај дипломирала на Економскиот факултет, отсек финансии, на Универзитетот во Тирана во 1997 година и има големо искуство во сферата на финансиите. Има титула „Charter Financial analyst” (ЦФА), била директор на италијанската банка за развој, професор на економскиот фалултет во Тирана, на Европскиот универзитет исто така во Тирана, а од декември минатата година е заменик министер за финансии, одговорна за фискалниот сектор.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата