ИОМ: Повеќето мигранти во Европа кои пристигнале преку Медитеранот минале низ Грција

Од:

Околу 150 илјади мигранти и бегалци пристигнале во Европа преку Средоземното Море од почетокот на годината и повеќето од нив се прифатени во Грција. Тоа го соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Според нив, во Грција пристигнале 75,9 илјади луѓе, а во Италија околу 74,900 луѓе.

Минатата година преку Медитеранот во Италија пристигнале околу 170 илјади луѓе додека во Грција само 34,500 луѓе.

– Сега работите се променија. Во првата половина од годината во Грција се регистрирани 69.000 мигранти, изјави Џоел Милман, портпарол на ИОМ.

Речиси 60 отсто од тие луѓе се бегалци од Сирија, како и од Авганистан, Ирак, Еритреја и Сомалија.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција