Една од најчудните приказни за претстојните избори за Европскиот парламент доаѓа од Кипар. Меѓу најголемите фаворити во оваа островска земја е инфлуенсер кој признава дека „не знае ништо за ЕУ“.
Фидијас Панајоту е 24-годишен инфлуенсер од Кипар, кој одлучи да се пријави на изборите за ЕУ во јануари.
Уште тогаш истакна дека никогаш не гласал, дека не знае многу за ЕУ и дека сака само да ги поттикне младите да се занимаваат со политика.
И покрај тоа што е отпишан од сите, Панајоту во моментов има поддршка од 8,7 отсто, според предизборните анкети. Доколку се претвори во изборен резултат, тој би можел да влезе во Европскиот парламент.
Во пресрет на изборите за ЕУ, кои се закажани за 9 јуни, гласачите во Кипар се апатични, незадоволни од ситуацијата во земјата. Токму поради тоа Панајоту има добри шанси да влезе во парламентот на ЕУ.