Инцко: Санкциите се од големо симболично значење

Од:

Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Валентин Инцко ја поздрави одлуката на САД да воведат санкции на претседателот на Република Српска Милорад Додик, оценувајќи дека тие се од „големо симболично значење“.

– Милорад Додик си играше со оган и ја мина црвената линија. Ќе мора да живее со последиците, изјави Инцко за виенскиот весник „Стандард“.

Како резултат на санкциите, секој дел од имотот или интерес за имот на Додик, а кој е во посед или под контрола на лице од САД или се наоѓа во САД, мора да биде блокиран. Покрај тоа, генерално се забранети трансакции на државјани на САД, а кои го вклучуваат Додик.

Инаку, „Стандард“ оцени дека ситуацијата на Балканот генерално се влошила пред стапувањето на должност на новиот американски претседател Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Додик: Надворешно-политичкиот сегмент на БиХ е целосно уништен

Горан Наумовски

Обвинителот бара затвор за Додик и 10-годишна забрана за политичка активност

Горан Наумовски

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Додик: Босна и Херцеговина нема шанси да преживее

Додик: Нарушени ми се човековите права, дискриминиран сум и лажно обвинет

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он