Инциденти во Солун и Атина поради 16-годишниот Ром кој беше застрелан од полицаец

Од:

Инциденти меѓу Роми и полицијата се случија доцна синоќа во делови на Солун и Атина откако припадници на ромската заедница протестираа поради 16-годишниот Ром кој во понеделникот беше застрелан од полицаец и е во критична состојба, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, Ромите палеле канти за отпадоци и ја нападнале полицијата, како во Солун, така и во Атина, а државната новинска агенција АНА-МПА објави дека по инцидентите во Атина, повредени биле десет полицајци, а уапсени седум лица.

Во понеделникот 16-годишниот Ром застанал на бензинска станица во Солун, наполнил бензин, побегнал без да плати и била информирана полицијата, по што полицајци со мотори го бркале возилото управувано од момчето, кое откако не одговорило на барањата да застане, според медиумите, било застрелано во пределот на главата од еден од полицајците и е хоспитализирано во критична состојба.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

Повторно ќе почне да функционира нафтоводот Солун – Скопје

Убиство во Солун: Полицаец ги однесе децата на училиште, па ја уби поранешната сопруга

Редовна железничка линија за транспорт на контејнери од пристаништето во Солун до Скопје

(ВИДЕО) Брутална ликвидација во Солун: Застрелан откако се обиде да го удри

Катерина Ѓуровски

Андреевски за индицентот во Каламарија: Политиката се обиде да ја победи уметноста

Горан Наумовски