Денеска околу 8 часот, во воспитно-образовна установа во улицата Конавонска во Загреб се случи инцидент во кој ученик со остар предмет повреди друг ученик и вработена во установата.
Насилниот ученик е под надзор на полицијата.
На повредените им е укажана лекарска помош, а полицијата врши увид и спроведува криминалистичко истражување за да се утврдат сите околности на настанот.
Според хрватските медиуми, напаѓачот за време на крвавиот напад на главата носел „фантомка“.
Нападот официјално го потврди и полициската управа.
„Денеска, 11 септември, околу 8 часот, во воспитно-образовна установа во улицата Конавонска во Загреб се случил инцидент во кој ученик со остар предмет повредил друг ученик и вработена во установата. Ученикот кој ги нанел повредите се наоѓа под надзор на полицијата. На повредените им била укажана лекарска помош, а полицијата врши увид и спроведува криминалистичко истражување за да се утврдат сите околности на настанот“, соопшти полицијата.
