Денеска продолжува судењето на озлогласениот криминален клан на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, а се очекува сведочење на тројцата клучни сведоци – обвинетите Бојан Хрватин, Срѓан Лалиќ и Никола Спасојевиќ.
Пред судот во моментов има голем број припадници на полицијата, додека инспекторите се во цивилна облека, а како што јавува Блиц.рс, ситуацијата никогаш не била понапната.
Инцидент имало и пред судот бидејќи еден од вработените не пријавил нечие доаѓање, па полицијата во првиот момент не можеле да пуштат автомобил „Шкода“, но по жестока дискусија возилото сепак било пуштено.
Ситуацијата е видно тензична, а сообраќајот е привремено во прекин.