Имигранти-бродоломци одбиваат да го напуштат бродот што ги спаси

Од:

Над 300 лица, веројатно сириски бегалци, одбиваат да го напуштат крузерот што ги спаси, откако нивниот мал рибарски брод почна да тоне во близина на брег на Кипар, соопштија кипарските власти.

Вкупно 345 имигранти, вклучувајќи и 52 деца беа спасени од еден рибарски брод во источниот дел на Средоземно Море и префрлени на крузерот „Саламис Филоксенија“.

Одлуката за евакуација на патниците беше донесена поради влошување на метеоролошките услови, при кои се појавила опасност по животите на луѓето.

Директорот на компанијата на која и припаѓа крузерот, Кикис Василиу, меѓутоа, изјави дека луѓето инсистираат да бидат транспортирани до Италија.

– Тие сакаат да ги одвеземе до Италија, изјави Василиу пред новинарите на главното пристаниште во Кипар – Лимасол. – Властите треба да одлучат што треба да се направи, додаде тој.

Кипарското Министерство за одбрана соопшти дека „рибарскиот брод, натоварен со цивилни бегалци, најверојатно тргнал од Сирија“.

Планирано е имигрантите да бидат сместени во бегалскии камп во близина на Никозија.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ