Имал список на жртви и план како да пука – 13-годишниот Коста долго го планирал масакрот

Од:

Полицијата во Белград официјално го потврди идентитетот на 13-годишниот малолетник кој утрово изврши масакар во Основно училиште во белградската населба Врачар.

Момчето кое го изврши масакрот во училиштето повикало полиција во 8 часот и 42 минути и кажал дека ги убил учениците од своето училиште – откри Веселин Милиќ, началник на полициската управа за Град Белград.

Тој го идентификуваше напаѓачот како Коста Кецмановиќ и додаде дека злосторството го планирал еден месец.

Беше објавено дека во неговиот ранец се пронајдени 4 молотови коктели, два пиштола но и список на жртви и план на училиштето по кој требало да се движи и пука, изјавија од полицијата.

Ова се фотографии од списокот и планот на малолетникот

Милиќ изјави дека полицијата на лице место го привела Коста Кецмановиќ, роден 2009 година, додавајќи дека според досега прибраните информации, К.К. го планирал деталното убиство. Ја избрал училницата по историја бидејќи била најблиску до влезот на училиштето.

Тој во училиштето донел пиштоли од татко му мал калибар, како и четири молотови коктели, влегол во училиштето и почнал да пука. Сè било испланирано и имал список со деца што сакал да ги ликвидира и затоа ги убил, одејќи од училницата до ходникот по ред. После тоа повикал полиција.

Според полицијата иако пиштолите биле заклучени и под шифра малолетникот ја знаел шифрата и ги земал. Полицијата објави и дека малолетникот знаел да пука бидејќи редовно одел во стрелана и учел да пука.

Имало пријава за врсничко насилство врз К.К.?

Запрашан дали е вистина дека момчето кое пукаше во училиштето во Врачар претходно пријавило врсничко насилство, министерот за образование рече дека има сознанија од Тиршова и Центарот за социјална работа, како и дека се работи за пријава за расекотина на усната , што се случило на школа за глума, приватна, што довело до заклучок дека не може да се преземат дополнителни дејствија.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата