Илјадници граѓани на протест во Словенија поради убиството на таткото кој го бранеше синот

Од:

Граѓаните на Словенија се собраа во голем број на Главниот плоштад во Нови Место по трагичната смрт на угостителот Алеш Шутар, кој почина по тепачка што се случи во саботата, 25 октомври.

Напаѓачот беше убиен во кобната ноќ откако се обиде да го заштити својот син кој беше малтретиран од група Роми пред ноќниот клуб „ЛокалПатриот“.

Во моментот кога Шутар се обидел да му помогне на својот син, еден од напаѓачите го удрил во главата и му нанел тешки телесни повреди со смртоносен исход.

За ова кривично дело е осомничен младиот Сабријан Јурковиќ (21) и вчера му е одреден притвор.

Демонстрантите се собраа пред клубот за да запалат свеќи во спомен на починатиот Алеш Шутар, а потоа се упатија кон плоштадот за да го изразат своето незадоволство од властите поради безбедносната состојба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите запалија полицаец, гореше министерство, летаа камења и молотови коктели

Предраг Петровиќ

Полицијата во Рим приведе повеќе од 200 млади лица кои се обидoa да предизвикаат немири

A1on

Франција се подготвува за нов хаос: Сè е затворено, распоредени 70.000 полицајци

Илјадници демонстранти во Грција бараат бесплатно образование и повисоки плати

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година