Нови 4.717 бегалци денеска биле пренесени со три бродови во пристаништето Пиреја, објавија грчки медиуми.
Бегалците биле транспортирани од островите Лезбос и Хиос.
Од петокот досега грчката крајбрежна стража спасила 1.244 бегалци. Таа учествувала во спасување бегалци во 34 инциденти во близина на островите Лезбос, Хиос, Самос, Калолимнос, Кос и Кастелоризо.
Притоа упасени се двајца криминалци кои шверцувале луѓе.