Иконому: Сакаме канали на комуникација со Турција, но не прифаќаме сугестии како да ја водиме надворешната политика

Од:

Нашата земја секогаш се стреми да има канали на комуникација со Турција, но ова не значи дека ќе прифаќаме сугестии како да ја водиме нашата надворешна политика, како да говориме во странство и како да ги истакнуваме прашањата што се однесуваат и на провокативните активност на Турција кон нашата земја и на меѓународниот легитимитет, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

За грчко- турските односи, Иконому објасни дека сојузниците и партнерите на Грција имаат заземено јасен став на „осуда на турските провокации и неоснованите тврдења во однос на суверените права на Грција на островите во Егејското море“, а Атина со смиреност, решителност и самодоверба се соочува со сите провокации и нема, како што рече владиниот портапрол, земјата „да влезе во натпревар на тензии преку вербални конфронтации“.

-Она што нè интересира е суштината и резултатот, а суштината е дека сојузниците и партнерите на најјасен начин го осудуваат провокативното однесување на Турција. Суштината е дека меѓународното право е на наша страна, дека ги имаме сојузниците на наша страна и дека целосно имаме капацитет да ги браниме нашиот суверенитет и нашите суверени права без никого да провоцира, ова го знаат сите, истакна Иконому.

За мигрантиското прашање и евентуалната можност на зголемен мигрантски бран од Турција, портпаролот на грчката Влада рече дека ги чуваат морските граници на Грција и на Европа на најефикасен начин за да не се повторат сцените од минатото.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски