Иконому: Не постои дискусија за испраќање грчки С-300 во Украина

Од:

Одбранбените системи што се неопходни и корисни за земјата, остануваат тука, не постои дискусија за испраќање дополнителна одбранбена опрема во Украина, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на тоа дали Грција ќе испрати С-300 за Украина, јави дописничката на МИА од Атина.

Иконому објасни дека земјата испрати хуманитарна помош и важна одбранбена опрема и во моментов „на маса нема нешто повеќе во врска со ова“.

-Во секој случај, одбранбени системи кои се неопходни за одбрана на земјава не се на агендата на една таква дискусија, во случај одново да дојде прашањето повторно да пратиме опрема во Украина, нешто што денес не е на маса. Системите што ги опишавте припаѓаат на онаа категорија што се смета за корисна за одбрана на земјата. Одлука на Владата е сè што се смета за неопходно и корисно за одбраната на земјата да остане тука. Но, повторувам во овој момент не постои нешто ново во однос на испраќање дополнителна одбранбена опрема во Украина, рече Иконому.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година