Игор Зорчич предложен за нов претседател на словенечкото Собрание

Од:

Игор Зорчич, пратеник на Партијата на модерниот центар е кандидиран за нов претседател на словенечкото Собрание, јави дописникот на МИА од Љубана.

Неговата кандидатура доаѓа само ден по оставката на досегашниот претседател Дејан Жидан, кој од функцијата се повлече веднаш по изгласувањето на Јанез Јанша за нов мандатар за состав на влада.

На кандидатурата за Зорчич се потпишаа сите пратеници од новото парламентарно мнозинство предводено од Словенечката демократска партија.

Од партијата Левица, веднаш по објавувањето на кандидатурата изјавија дека нема да го поддржат Зорчич на местото претседател на Собранието.

Би можело да ве интересира

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

На Американците им е доста од политиката, сè помалку ги следат вестите

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг