Игор Шолтес е новиот известувач на Европскиот парламент за Косово

Од:

Словенечкиот политичар и адвокат Игор Шолтес (53) е назначен за нов известувач на Европскиот парламент за Косово.

Шолтес е пратеник во Европскиот парламент од 2014 година и потпретседател на делегацијата на парламентарниот одбор за стабилизација и асоцијација на Србија.

Тој денеска присуствуваше на прошталните состаноци на досегашната известувачка Урлике Луначек со шефовите на косовските институции.

Луначек денеска одржа состанок со косовскиот претседател Хашим Тачи, кој нагласи дека таа била лојална на Косово.

– Бевте глас на Косово во Брисел и глас на Брисел во Косово. Искрен и конструктивен глас, наведе Тачи.

Луначек, од своја страна, му порача на Тачи дека Договорот за стабилизација и асоцијација, како и европските реформи, се водич за европската перспектива на Косово.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски