Идниот чешки претседател е наклонет кон заминување на актуелната Влада

Од:

Со изборот на Милош Земан за нов претседател на Чешка се очекуваат промени во односите меѓу шефот на државата со актуелната Влада и партиите, јави дописникот на МИА од Прага.

Земан, веднаш по соопштувањето на резултатите од претседателските избори синоќа изјави дека е наклонет кон заминување на владата на Петр Нечас и оддржување на предвремени избори.

-Владата се потпира на партијата ЛИДЕМ, која никој не ја избрал на слободни избори и владата де факто не е произлезена од слободни избори, рече Земан. Тој додаде дека има мандат да ја критикува непопуларната влада која според него има доверба од осум проценти.

Партијата ЛИДЕМ- Либерални демократи е најмалата партија во тристраната владејачка коалиција, која се формираше откако неколку членови на партијата Општествени работи (ВВ) формираа нов политички субјект.

Претседателот во заминување Вацлав Клаус и покрај многубројните несогласувања со Кабинетот на премиерот Петр Нечас во критичните моменти секогаш го поддржуваше тврдејќи дека не сака нестабилност која би била предизвикана доколку падна владата.

Земан исто така го повтори предизборното ветување дека со стапувањето на функцијата сака да ја спроведе својата агенда и да учествува на седница на Владата и да говори пред Парламентот.

Прашање е до колкава мерка ќе може да ја искористи својата претседателска функција со оглед на тоа што претседателските овластувања со директните непосредни избори не се проширени.

Премиерот Петр Нечас, на новоизбраниот претседател му порача дека го смета за стандарден политичар кој ќе се држи до уставните гаранции. Земан изјави дека со сите членови на Владата нормално ќе соработува, но и дека пред се ќе го критикува Кабинетот.

Тој ја прифати поканата, во март да присуствува на Изборниот конгрес на неговата поранешни сопартијци од Социјалдемократската партија (ЧССД) изјавувајќи дека во срцето се уште се чувствува социјалдемократ.

Би можело да ве интересира

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка