Во Грција досега најмногу починати од Ковид-19 во еден ден

Од:

Во Грција денеска е регистриран нов негативен рекорд на смртни случаи од Ковид-19 на дневно ниво, со починати 72 лица.

Дополнително е зголемен и бројот на пациенти приклучени на апарати, 519 лица, односно 20 повеќе од вчера.

Паралелно, намален, во споредба со вчера е бројот на новозаразени, регистриран е 2.581 нов случај, од кои 673 се во Солун и 582 во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

На денешната редовна прес конференција за Ковид-19 во Министерството за здравство на Грција, професорката епидемиолог и член на надлежната комисија Вана Папаевангелу рече дека во изминатата седмица се забележува мало, но стабилно зголемување на просечната возраст на новите случаи, што изнесува околу 45 години.

– Мислам дека вреди да се коментира и предизвикува загриженост тоа што нема јасно намалување на епидемиолошкиот бран три седмици по карантинот во северна Грција и две седмици по спроведувањето на хоризонталните мерки низ цела земја, рече Папаевангелу.

Во Грција, од почетокот на епидемијата се регистрирани вкупно 87.812 лица заразени со коронавирусот, а починаа 1.419 лица.

Би можело да ве интересира

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Грција, прва православна земја која дозволи истополови бракови – Лидерот на СИРЗА прослави во Геј бар

Анита Петровска Рајковиќ

Грчките земјоделци со симболични блокади на граничните премини „Ники“ и „Евзони“ со Македонија

Атина: Три лица загинаа во престрелка во бродска компанија, напаѓачот се самоуби

Горан Наумовски