Алтернатива Црна Гора денеска ги повика граѓаните да ги бојкотираат супермаркетите и продавниците во земјата. Како што пишува ЦДM, тие повикаа на бојкот на сите супермаркети и продавници во Црна Гора, нагласувајќи дека ова не е политички мотивиран бојкот, туку дека високите цени подеднакво ги погодуваат сите граѓани.
Од Алтернатива изјавија дека истиот бојкот бил извршен и во Хрватска и дал резултати, а за денеска е најавен и во Босна и Херцеговина.
Според ЦДМ, Алтернатива смета дека цените се екстремно високи и дека водечките трговски синџири, преку нивниот меѓусебен договор за формирање на цените, во голема мера влијаеле на граѓаните да не го почувствуваат целосното зголемување на платите и пензиите.
Извршниот одбор на Унијата на слободни синдикати на Црна Гора (УССЦГ) го повика своето членство да се приклучи на бојкотот, како израз на граѓанско незадоволство поради претерано високите цени на производите. Како што пишува ЦДM, бојкотот го поддржа и премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, повикувајќи ги трговците на мало да се однесуваат праведно со потрошувачите.
За разлика од тоа, Стопанската комора на Црна Гора не поддржа ниту еден облик на бојкот од страна на нејзините членки, без разлика во кој сектор работат, сметајќи дека е неоправдан бидејќи директно и штети на економијата, која не е одговорна за предизвиците со кои се обидува да реши.