И третиот обид за избор на спикер на бугарскиот Парламент е неуспешен

Од:

И третиот обид за избор на претседател на бугарскиот Парламент е неуспешен. По историски долга пауза – од среда попладне до четврток наутро пратениците повторно гласаа, но сепак не постигнаа консензус.

По гласањето, привремениот спикер Вежди Рашидов им даде едночасовна пауза на бугарските парламентарци и истакна дека по паузата ќе ја имаат последната шанса да го изберат првиот човек на парламентот.

За функцијата во моментов има четворица кандидати – Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС, Петар Петров од Преродба, Кристијан Вигенин од БСП и Јордан Цонев од ДПС. На вонреден брифинг синоќа политичката партија „Продолжуваме со промената“ ја повлекоа својата номинација – на Никола Минчев.

Во вториот круг стигнаа Јордан Цонев и Росен Желјазков, но ниту еден од нив не доби повеќе од половина од гласовите на присутните пратеници.

Подготвени сме повеќе да не го номинираме нашиот кандидат за претседател на 48. Народно собрание. Ова пред новинарите на маргините на Собранието го изјави Десислава Атанасова од ГЕРБ-СДС, јави БТА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски