И Сараево бара улица „Милан Младеновиќ“

Од:

Група граѓани Сараево покренаа иницијатива главниот град на Босна и Херцеговина да добие улица што ќе го носи името на Милан Младеновиќ, фронтменот на југословенската рок-група Екатерина Велика.

Симболичниот почеток на потпишувањето петиција ќе се одржи утре, на роденденот на Милан Младеновиќ.

Милан Младеновиќ е роден во Загреб во 1962 година, а живееше во Сараево и во Белград, каде што прво го формираше култниот бенд Шарло Акробата, а потоа и ЕКВ.

Почина на возраст од 36 години од рак на панкреасот и погребан е во Алејата на великаните во Белград.

Неговото име денес го носат улици во Загреб, во Земун и во предградие на Подгорица, како и платото пред Домот на младината во Белград.

Една од своите песни тој ја посвети на Сараево. За време на војната, тој на концерт ја повика публиката да им изрази почит на жртвите на бомбардирањето на Дубровник, а одби да настапи во Бања Лука, како протест поради уривањето на џамијата Ферхадија.

Би можело да ве интересира

Сараево – најдепресивен град на Балканот

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

(ВИДЕО) Пукање во Сараево: Има ранети, полицијата на нозе

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница