Военото воздухопловство на Турција ги прекина воздушните напади на сириска територија, поради заканата на Дамаск дека ќе го урне секој турски воен авион кој ќе навлезе во воздушен простор на Сирија, објави денеска „Хуриет дејли њуз“.
Весникот наведува дека последните напади во Сирија врз позициите на џихадиситчката група Исламска држава (ИД) во рамки на операцијата „Еуфратски штит“, турските воени авиони ги извршиле на 22 октомври,
– Оттогаш Турција не изврши нови напади, откако Сирија ги активираше противвоздушните системи, кои го покриваат реонот каде се извршува операцијата „Еуфратски штит“, изјавила за весникот анонимен турски официјален претставник.
На 20 октомври сириската армија предупреди дека секој турски воен авион кој ќе навлезе во воздушен простор на Сирија ќе биде соборен. Заканата следуваше откако Турција изврши воздушни напади врз позициите на курдските борци во северна Сирија, кои се во сојуз со бинтовниците поддржани од САД.
Неможноста на турската авијација за извршување на воздушни напади го отежнува напредувањето кон Ал Баб на бинтовноичката Слободна сириска армија, која во последните три дена успеала да зазене само пет километри, наведува „Хуриет дејли њуз“.