„Хуриет“: Турски воени лица обвинети за обидот за преврат, учествуваат во борбите против ИД

Од:

Воени лица, кои вчера требаше да се јават на суд по обвиненијата за учеството во обидот за преврат во Турција во јули, се дел од операцијата на турската Армија против Исламска држава во сирискиот град Ал Баб, објави денеска турски „Хуриет”.

Вкупно 28 офицери и 34 војници требаше вчера да се појават во судот, поради обвиненијата за „непочитување на Уставот и обид за укинување на Парламентот и Републиката”. Некои од нив се товарат и за членство или потпомагање на терористичка организација, а обвинителите бараат казни од 5-10 години до доживотен затвор.

Дел од обвинетите, коишто во тој момент не биле во притвор, не ни биле повикани во судот, но биле испратени во Ал Баб каде турската армија и нивните сојузници водат борба против ИД.

Судот во Истанбул инаку, го прифати обвинителниот акт по делото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски