Хуавеи ќе отвори логистички центар за европскиот пазар во Словенија

Од:

Кинескиот технолошки гигант Хуавеи објави дека планира да го формира централен регионален центар за Централна и Југоисточна Европа во Словенија, со изградба на централен магацин во близина на Љубљана.

Предвидено е магацинот да биде во близина на аеродромот Брник во Љубљана, со што ќе се зголеми важноста на пристаништето Копер како дестинација за 19 пазари во Европа.

Магацинот ќе се гради во две фази и треба да има 6.000 квадратни метри, а од него ќе се снабдуваат и 13 земји-членки на ЕУ и шест земји надвор од Унијата. Вредноста на инвестицијата во моментов се проценува на десет милиони евра.

Во магацинот ќе се отворат околу 40 нови работни места во Словенија, но и ќе ја зајакне позицијата на таа земја на мапата на повеќе од 170 пазари на кои работи Хуавеи.

Хуавеи во моментов преку пристаништетот Копер испорачува скоро 200.000 кубни метри товар од Кина до магацините во Унгарија и до други клиенти во Европа, а се проценува дека изградбата на нов голем магацин во близина на Брник ќе го скрати времето на испорака до европските клиенти.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски