Хрватското новинарско здружение протестира заради смените на ХТВ

Од:

Огранокот на Хрватското новинарско здружение (ХНД) на ХТВ остро протестираше поради смената на два уредника и водители на „Дневник 3“, оценувајќи дека, ако и имало потреба за реакција, одлуката за смена на уредништвото е донесена во погрешно време, по истапот на премиерот Зоран Милановиќ во текот на кој „ги критукуваше и им делеше лекции на сите медиуми, а посебно на ХТВ“.

Смената што се случи, дури и да е водена од професионални причини, остана во сенка на истапот на премиерот и соопштението на неговиот кабинет во кој цинично е прозван ХРТ, па во јавноста се создаде впечаток дека раководството на ХРТ, исплашено од реакцијата на премиерот,под итно ги смени уредниците, се наведува во соопштението на новинарскиот огранок на ХТВ.

Дел од екипата на „Дневник 3“ на ХРТ е сменет непосредно по критиката на премиерот Зоран Милановиќ за оваа телевизија бидејќи ја примиле саборската застапничка Ружа Томашиќ и и овозможиле, според мислење на премеирот, да шири шовинизам и говор на омраза. Гостувајќи во таа емсија Томашиќ изјави дека „Хрватска е за Хрватите, а останатите на кои тоа не им се допаѓа можат да си одат“, додека лидерот на СДСС, Воислав Станимировиќ, го нарекла четник.

Милановиќ на прес конференција по повод тепањето на младите богослови кај Книн рече дека изјавата на Томашиќ е полоша од пораката на омраза која претходно ја упати извршниот директор на „Динамо“, Здравко Мамиќ, на сметка на министерот за образование и спорт Жељко Јовановиќ.

Огранокот на ХНД напоменува дека не мисли дека истапот на Томашиќ во „Дневник “ бил примерен за програмата на јавната телевизија и дека водителката на емисијата можела подобро и појасно да реагира и да им парира на соговорниците. Меѓутоа, оттаму напоменуваат дека и премиерот, како и секој граѓанин, може да ја критикува работата на ХРТ и да укажува на грешките, но и дека „ презирот и потценувачкиот начин на кој ги прозва медиумите, особено ХРТ, не е достоен на функцијата што ја извршува“.

Би можело да ве интересира

Дисциплински казни за вработените во ХРТ кои изборите на Косово ги најавија со српско знаме?

А1он

(ВИДЕО) Џафери за ХРТ: Груевски е виновен за хаосот во Македонија

Наум Локоски

Инцидент пред Хрватската радиотелевизија

Емир Латифовиќ