Хрватскиот Уставен суд ја укина пресудата за корупција за поранешниот премиер Иво Санадер

Од:

Хрватскиот Уставен суд нареди ново судење во предметот против поранешниот премиер Иво Санадер, кој е осуден за корупција, пренесе БТА.

Санадер беше прогласен за виновен за земање поткуп од унгарската нафтена компанија МОЛ во замена за здобивање со контролниот пакет акции во хрватската нафтена компанија ИНА.

Поранешниот премиер ја обжали пресудата.

„Судот ја прифати жалбата и ја укина пресудата“, соопшти судот на својот сајт, повикувајќи се на процедурални грешки. Предметот ќе биде вратен во Загрепскиот Окружен суд за ново судење.

Хрватскиот Врховен суд минатата година ја потврди пресудата на Санадер, но ја намали казната од десет на осум и пол години затвор.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка