Хрватскиот премиер смени двајца министри

Од:

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денеска ги разреши министрите за здравство и за наука, образование и спорт, Рајко Остојиќ и Жељко Јовановиќ.

Остојиќ и Јовановиќ се сменети поради „незадоволство од нивната работа“.

– По разговорот со Остојиќ и Јовановиќ заклучивме дека во најдобар интерес и на Владата и на владејачката Социјалдемократска партија е тие да ја зајакант пратеничката група, истакна Милановиќ.

Тој истакна дека за нови министри ќе ги предложи Синиша Варга и Ведрана Морнар.

Милановиќ претходно го смени и министерот за финансии Славко Линиќ, поради сомнежите дека го оштетил државниот буџет за 3,5 милиони ерва.

Би можело да ве интересира

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб