Хрватски војници повеќе пати силувале Србинка и ја приклучувале на струја

Од:

Србинката Р.М. во судот во Загреб сведочеше дека војниците од кампот „Керестинец“ физички ја малтретирале и сексуално ја злоупотребувале повеќе пати, сите по наредба на еден човек кој го нарекувале со прекарот „Доктор“.

Таа е една од воените заробениците во капот и сведочеше во судењето против Стефан Клариќ и четири други службеници обвинети за воени злосторства кон крајот на 1991. година и во почетокот на 1992 година.

„Во „Керестинец“ ме силуваа непознати за мене луѓе, по заповед на лицето што викаа Доктор, иако тој не беше доктор. Се сеќавам дека „Докторот“ беше со помал раст и носеше очила. Мене ме носеа во една темна соба каде што ме тепаа и силуваа. Понекогаш ми ставаа торба на главата и ме приклучуваа на електрична енергија, а тоа го направија околу 15 до 20 пати“, изјави Србинката пред окружниот суд во Загреб.

Таа рече дека заедно со нејзиниот сопруг, биле уапсени на 22. јануари 1992 година во Сисак.

Откако ги испрашувале цела ноќ, сопругот го ослободиле а неа ја задржале и испратиле во кампот.

„Делото“ за кое била обвинета било тоа што една недела поминала во Босна и Херцеговина, во нејзиното родно место Соколиште. Веднаш по враќањето во Хрватска била уапсена.

Р.М. додаде дека првите два дена по пристигањето немало ништо, а потоа почнала злоупотребата и тепањето. Затворениците ги терале да се соблечат голи и да играат, и мажите и жените.

„Мажите затвореници ги тераа да се соблечат надолу и така полуголи ги тераа да играат со нас. Кога ме носеа во темната соба, бев принудена да им ги покажам своите гради и ако не сакам ми се закануваа дека ќе ги пресечат“, сведочеше Р.М. Сите злоставувања се случувале во текот на ноќта и таа не ги знае ниту имињата ниту како изгледаат силувачите.

Според обвинението Клариќ раководел со кампот во 1991 година и 1992 година. Овде се носеле воени затвореници од цела Хрватска. Останатие обвинети во судење се чувари во кампот, а скоро сите сведоци што досега поминале изјавиле дека биле малтретирани и физички и психички.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски