Првите 9.750 дози вакцина Фајзер-Бионтек против коронавирус пристигнаа во Хрватска во саботата, а во Домот за стари лица во Трешњевка денеска ќе се вакцинира првиот човек во земјата.
По тој повод, премиерот Андреј Пленковиќ и министерот Јосип Аладировиќ ќе престојуваат во Трешњевка, но засега, во овој прв бран и во следните неколку недели, никој од Владата или Националниот штаб нема да се вакцинира, дознава Јутарњи.хр.
Според Владата, премиерот Пленковиќ и министерот за здравство Вилија Берош не треба да се вакцинираат во овој момент, имајќи предвид дека беа заразени со Ковид-19.
Во Дубровник, првата доза ќе ја примат здравствените работници. 155 дози од вакцината пристигнуваат во Шибеник.
Кампањата започна во саботата, а покрај постери и видеа, предвидени се и јавни вакцинации на познати лица.
Прво, се планира вакцинација на вработените и корисниците на домови за стари лица и здравствени работници, потоа лица постари од 65 години и сите лица со хронични заболувања, и на крај целото население.
Хрватска нарача 5.905.000 дози на вакцина.
Вакцинацијата започнува денеска во сите земји на ЕУ.