Хрватска влегува во Шенген

Од:

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ и Шенген зоната денеска во Брисел донесоа конечна одлука – Хрватска е полноправна членка на Шенген од 1 јануари 2023 година.

За Хрватска се гласаше поединечно, додека за Бугарија и Романија ќе се гласа посебно и се очекува Австрија да стави вето на тие земји.

Како што најави шефот за граници на хрватски МУП, Зоран Ничено, на 1 јануари ќе се отстранат рампите на границите со Словенија и Унгарија, а сообраќајот ќе биде непречен, како и во железничкиот и поморскиот сообраќај кон Италија.

„Хрватска доби едногласна поддршка од Советот за внатрешни работи и правда – на 1 јануари 2023 година ќе станеме членка на Шенген! Во годината на испорака ги постигнавме стратешките цели на Владата на Република Хрватска, од што најмногу ќе имаат корист граѓаните и стопанството!“, објави премиерот Андреј Пленковиќ на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ