Хрватска: СДП го исклучи од своите редови поранешниот министер за финансии Славко Линиќ

Од:

Владејачката во Хрватска Социјалдемократската партија (СДП), го исклучи од своите редови поранешниот министер за финансии Славко Линиќ на вчерашната седница на Главниот одбор на СДП, јави ДПА.

Со тајно гласање по седницата, што траеше 12 часа, 50 од делегатите гласале за исклучување на Линиќ, а 47 биле против.

Лидерот на СДП и хрватски премиер Зоран Милановиќ го разреши Линиќ од функцијата министер за финансии поради сомневање за корупција и дека го оштетил државниот буџет за 3,5 милиони евра.

Линиќ изнесе серија обвиненија на сметка на хрватскиот премиер Зоран Милановиќ неколку дена по евроизборите, од тоа дека ги штител семејството и пријателите на штета на државата, до тоа дека ги злоупотребил безбедносните служби и ги шпионирал. Поради тоа Милановиќ предложи исклучување на Линиќ од партијата.

Судирот доби такви размери што мораше да се вмеша и хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, предупредувајќи дека партиските судири не смеат да се прелеваат во државните органи и да ја загрозуваат работата на Владата. Поради сериозноста на обвиненијата кои ги изнесе Линиќ, Јосиповиќ побара извештај од надлежните безбедносни служби кои покажаа дека премиерот не ги злоупотребувал и не го шпионирал сменетиот министер.

Мандатот на премиерот Милановиќ истекува кон крајот на 2015 година.

Популарноста на Милановиќ нагло падна, а неговата партија СДП изгуби на изборите за Европскиот парламент од конзервативната опозиција.

Би можело да ве интересира

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб