Хрватска постави нов рекорд, се чекаат резултатите од брзите тестови

Од:

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 10.427 нови случаи на инфекција со коронавирус, неофицијално дознава Јутарњи лист.

Ова е најголем дневен број на нови инфекции од почетокот на пандемијата.

Ова се само позитивни резултати потврдени со ПЦР тест, резултатите од брзите тестови се уште се чекаат.

Бројот на активни случаи во Хрватска денеска е вкупно 56.208. Од нив, 1.796 пациенти се во болница, од кои 204 се на респиратор.

Починале 45 лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 836.807 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 13.257 починале, вкупно 767.342 оздравеле, од кои 3.702 во последните 24 часа.

Во моментов има 31.730 лица во самоизолација.

Досега се тестирани вкупно 4.031.182 лица, од кои 20.292 во последните 24 часа.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ