Хрватска наскоро би требало да добие нова телекомуникациска компанија која би обезбедула широкопојасен, брз евтин Интернет во целата земја.
Хрватската Влада на утрешната седница ќе донесе одлука за тоа.
На овој начин би се вовел ред во управувањето со инфраструктурата и дополнително би се реализирал Интернет пазарот, па се верува дека предлогот ќе добие „зелено светло“.
Новата компанија би го презела управувањето со слободната оптичка мрежа на државните претпријатија како што се Хрватски автопатишта, Хрватски железници, ХЕП, Плинакра, Јанафа, Автопат Ријека-Загреб.