Хрватска официјално примена во еврозоната

Од:

Советот за економски и финансиски работи на Европска Унија (Екофин) ги усвои трите конечни правни акти, со кои Хрватска на 1 јануари 2023 година ќе може да го воведе еврото.

– Би сакал да му честитам на мојот колега Здравко Мариќ и на цела Хрватска што стана 20. земја што се приклучи на еврозоната. Воведувањето на еврото не е трка, туку одговорна политичка одлука. Хрватска успешно ги исполни сите неопходни економски критериуми и од 1 јануари 2023 година ќе се плаќа во евра, истакна чешкиот министер за финансии Збинек Стањура, чија земја претседава со Екофин.

Со ова Хрватска исполни една од двете преостанати стратешки цели за приклучување кон подлабока интеграција во ЕУ. Вториот е влез во Шенген зоната, за која најверојатно ќе се одлучува наесен, а во десеттата година од членството Хрватска би можела истовремено да влезе и во еврозоната и во Шенген.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ