Хрватска го воведе еврото и влезе во Шенген

Од:

Хрватска на полноќ го воведе еврото и влезе во Шенген. Обврската за двојно изразување на цените ќе трае до крајот на 2023 година.

На полноќ почна периодот на двојна циркулација, кој ќе трае до 14 јануари, а во тој период при готовински трансакции, покрај еврото, како законско средство за плаќање може да се користи и куната.

Укинати се граничните контроли на копнените и поморските гранични премини, а на пролет ќе бидат укинати и на аеродромите.

На граничниот премин Бреганe симболично беше подигната рампа и запалено зеленото светло за слободно минување на местото на поранешната гранична контрола.

Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ во Бреганe беше домаќин на словенечката министерка Сања Ајановиќ – Ховник, а по кратка средба точно на полноќ истовремено беше подигната рампа од двете страни на границата, со што се овозможи слободен премин меѓу двете земји.

Пет минути пред полноќ полициски службеници на Бреганe ја извршија последната гранична контрола.

Делегациите на двете земји потоа се упатија на словенечката страна, на просторот на поранешниот граничен премин Обрешје, каде началниците на полициските станици и полициските службеници меѓусебно се заблагодарија за досегашната соработка, со симболично отстранување на плакетите од зградата на полицијата во Обрешје, јавува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ