Хрватска го поддржува влезот на Бугарија во шенген зоната

Од:

Хрватска е подготвена да и понуди на Бугарија својата професионална и техничка поддршка за пристапување во шенген зоната, соопшти Министерството за внатрешни работи во Загреб по средбата меѓу министерот Давор Божиновиќ и неговиот бугарски колега Бојко Рашков.

Божиновиќ и Рашков разговараа и за состојбата во Украина и ангажманот за обезбедување привремена заштита на украинските бегалци, како и состојбата со мигрантите во источниот дел на Медитеран.

Состанокот беше посветен и на новиот Пакт за миграција и азил и стратегијата за посилна и поотпорна шенген зона. Министрите потврдија дека трендот на зголемен миграциски притисок на надворешната граница се зголемува со пролетните месеци и дека ниту Хрватска, ниту Бугарија не се крајната дестинација за илегалните мигранти.

Божиновиќ и Рашков се согласија дека интензитетот на притисокот е поврзан со политичките и безбедносните околности, како и со начинот на кој се управува со миграцијата во соседните земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Уапсен e пратеникот Јосип Дабро

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија