Хрватска – држава со најмногу гранични спорови во регионот

Од:

Ал Џезира Балкан – Сараево

Излезот од арбитражната постапка за утврдување на поморската граница со Словенија, откако аферата се појави во медиумите, само го актуелизираше решавањето на граничните проблеми кои Хрватска ги има со соседите. Освен со Словенија, и на мора и на копно, спорни се прашањата околу границата и кон Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Единствено со Унгарија, а што всушност е дел од северната граница на поранешна Југославија, Хрватска нема проблеми и на тие 355 километри граница се е јасно.

На преостанатите граници има неколку спорни точки, па кон Босна и Херцеговина (1.011 километри граница) спорни региони кај Хрватска Костајница, т.е. морските гребени Мали и Велики Шкој кај Пељешац. Границата кон Србија е долга 325 километри, а на неа не се решени прашањата кај подрачјето кај Апатин и Вуковарската и Шаренградската Ада, додека на југот, на 20 километри граница со Црна Гора исто така постојат спорови околу некои точки јужно од реката Драгонија, на врвот на Света Гера, како и на подрачјето на реката Мура.

Меѓутоа, таксативно наведените проблеми на самиот терен имаат целосно поинаква димензија, бидејќи тоа што двете држави не можат да го решат со договор, ниту со меѓународна арбитража, граѓаните го решаваат сами. Или се работи за иницијативи кои ги преземаат локалните власти и поединци од двете страни на границата, па така се овозможува одмор, рекреација, капење или риболов на речните острови кај Вуковар и блискиот Шаренград, или граѓаните од чиста потреба преминуваат од едната на другата страна на границата кај Хрватска Костајница од едната т.е. Костајница од другата страна.

Граѓаните имаат свои начини

Жителот на Хрватска Костајница Даниел Павлиќ најдобро знае како е да се живее на границата и вели за Ал Џезира дека за граѓаните нема никакви проблеми при преминувањата, бидејќи граѓаните не се оптоварени со политичките проблеми кои се интензивираат пред секои избори.

– Кога ќе почнат кампањите, секој го брани своето, па поединци од босанските ентитети на Република Српска го бараат нашиот стар град и тукашниот замок, кој постои уште од времето на Зрински, кога Хрватска и Европа тука се бранела оид турките освојувања и сакаат да го припојат кон себе. Но, обичните луѓе функционираат без проблеми, ние преминуваме на босанската страна, бидејќи некои работи таму се поефтини, тие доаѓаат кај нас од слични причини – вели Павлиќ.

Како пример на добра соработка на граѓаните од двете страни на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина се наведува неодамнешната заедничка иницијатива за против складирањето на нуклеарниот отпад на хрватската страна, но и протестите против изградбата на хидроелектрана на Уна.

– Проблемите ни се заеднички, главно од економска или еколошка природа и луѓето ги надминуваат сите трауми кои останаа од војната, а политичарите постојано нешто се бунат. Но, тоа  обичните луѓе не ја интересира – наведе Павлиќ.

Свесен е и за проблемот кој го имаат неговите соседи на кои нивите им се на другата страна од границата, па земјоделците не можат веднаш на нива, туку прво на граничниот премин и по околните патишта до својот имот. Смета дека посебните пропусници на луѓето би им го олеснило животот, но се плаши од скорашните промени.

– Се плашам дека ќе воведат Шенген, бидејќи тогаш можат да настанат проблеми. Но, луѓето очигледно ги смислиле границите само на другите да им го искомплицираат животот. Мислам дека границите се само во главата – оценува Павлиќ.

Спорните ади на Дунав

На другата страна на Хрватска, кај Вуковар и Шаренград, речните острови на Дунав се предмет на спор на двете држави. Хрватска и Србија не можат да се усогласат каде се наоѓа границата на најголемата европска река, ни на кого припаѓаат големите површини на едниот, т.е. на другиот брег на Дунав. Имено, на Хрватска катастарски најмалку припаѓаат 10.000 хектари земја на левата, на српскиот брег на Дунав, а на Србија три пати помалку земја на десниот хрватски брег. Хрватската страна таму бара почитување на катастарските граници, а српската границата да оди по средина на Дунав.

Како симболи на нерешените граници останаа Вуковарската и Шаренградската ада, кои според сегашната состојба на работите, не припаѓаат на никого, но граѓаните и од едната и од другата страна ги користат во текот на летните месеци за рекреација и уживање во студената река.

Вуковарската ада веќе со години ја користат Вуковарците во текот на летните месеци, а од неодамна тоа е можно и за мештаните на Шаренград, подунавското село на самиот исток на Хрватска. Еден човек од Шаренград кој пораснал на Дунав Крешимир Ковачевиќ вели дека договорот на локалните власти на Илок и Бачка Паланка и него му е вистинско олеснување.

– Сосема нормално е што со чамци одиме на Шаренградската ада. Никој никого не закача и може без проблем да се оди на риболов, на капење, уживање во природата. Една колиба за овчарите кои таму чуваат крави и свињи, ја обновивме за младите да можат да се дружат во неа и да прават скара во викендите – вели Ковачевиќ.

За односите на граѓаните од двата дунавски брега вели дека релативно се добри, не и одлични! Но и понатаму стои фактот дека 20 години по војната границите не се дефинирани.

– Економски и правно ништо не е решено. Тоа останува ничија земја. Тие таму одат на риболов и на забранет лов. Може само да се риболови, но не и да се фаќаат риби внатре во реката. Стоката таму повеќе не може да се чува, Бачка Паланка беше подготвена да ни го врати скелето, кое го земаа во текот на војната, но некои луѓе таму доносоа седум кубици бетон и едноставно го забетонираа. Сега го нема никој – се пожали Ковачевиќ.

Но, за утеха останува фактот дека барем граѓанските иницијативи вродиле со плод, па сликите кои во текот на летото доаѓаат од двете страни на адите на Вуковарската и Шаренградската, сепак даваат надеж дека тоа ќе го видат и одговорните и ќе го решат проблемот, кој може да ги проблематизира односите и на двете држави, но најмногу на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб